ПОЧЕТНА Балкански лиги „Мајсторка“ ќе одлучува за шампионот на Грција

„Мајсторка“ ќе одлучува за шампионот на Грција

сподели
фото: gazzetta.gr

Панатинаикос не ја искористи првата меч-топка во финалето од грчкиот плеј-оф.

Пред своите навивачи Олимпијакос славеше со 92:76 и се избори за “мајсторка” на теренот на противникот по која ќе биде познат новиот шампион.

Тимот од Пиреја доминираше од средината на втората четвртина кога со серија од 10:2 првпат направи двоцифрена предност (38:26). На почетокот од второто полувреме беше и +14 (50:36), но ПАО не планираше да се предаде.

Аплицирајте веднаш за

Предводени од Лоџески, гостите направија 19:7 и се доближија на само два поена негатива (55:57). Олимпијакос некако успеа да ја задржи предноста во тој кризен период, а во средината на последната четвртина ги реши сите дилеми околу победникот.

Одлучи серијата од 13:1 по која Олимпијакос отиде на убедливи 90:72 по што стана јасно дека ќе се игра петти натпревар.

Меклин со 20 и Роберто со 16 поени беа најефикасните поединци во редовите на Олимпијакос. Ист ефект во противничката екипа имаа Џејмс и Лоџески.