ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Мајката на Дражен Петровиќ го расплака Драгиќ

Мајката на Дражен Петровиќ го расплака Драгиќ

сподели

Последните три дена се веројатно најубавите во животот на словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ.

Во неделата со својата репрезентација стана европски шампион и беше прогласен за МВП на континенталниот шампионат, следниот ден него и колегите ги пречекаа над 20 илјади фанови во Љубљана, а вчера доби подарок кој ќе има посебно место во неговиот живот.

Аплицирајте веднаш за

Меѓу дочекот во словенечката престолнина и заминувањето на подготовките на Мајами Хит, Драгиќ гостуваше на националната телевизија. Новинарот му пренесе подарок кој го испрати мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка – дрес од Њу Џерси Нетс со презимето на нејзиниот син.

Драгиќ не издржа и се расплака пред камерите.

„Ова е еден од најубавите подароци што ги добив во животот. Се восхитував на неговата грациозност, ми беше идол. Наклон за легендата, нека почива во мир“, изјави Драгиќ кој го носи истиот број како Петровиќ – 3.

По настапот и триумфот на Европското првенство, тој се прости од репрезентацијата и во иднина ќе се насочи само на клупските обврски. Претстојната сезона ќе биде десетта за Драгиќ во НБА лигата, а трета во дресот на Мајами Хит. Претходно настапуваше за Феникс (два пати по три години) и Хјустон.