ПОЧЕТНА Во позадина МАШКОСТ КАКВА ШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Угледајте се на нив!

МАШКОСТ КАКВА ШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Угледајте се на нив!

сподели
фото: РК Вардар

Сета почит на овој свет, за ракометарите на Вардар. Не можевме да премолчиме, да не им честитаме и да не им посакаме среќен пат во Келн, на луѓето во црвено-црно, што ја кројат историјата на македонскиот спорт.

Овие величенствени лица, ја врежуваат нашата спортска ДНК во аналите на светскиот ракомет. Против сите изгледи, едноставно беа свои, го направија тоа што го знаат најдобро, а другото е тема за спортска бајка.

Веќе сте нашите шампиони, одмна сте нашите богови. Одморете се добро, патувајте мирно. Чекорете цврсто, како што знаете и умеете. Што и да се случи во Келн (1-2 јуни), вие сте длабоко во нашите срца.

Ви се поклонуваме!!!