ПОЧЕТНА Избор на уредникот Маркантните серии на Бостон, најтрофејната НБА франшиза

Маркантните серии на Бостон, најтрофејната НБА франшиза

сподели

Најновата низа продолжена на последниот меч без најдобриот играч Кајри Ирвинг кој што паузира поради повреда, повторно ја актуелизира легендата за организацијата што освои најмногу титули во историјата на НБА лигата.

Бостон Селтикс не знаат за загубен меч на 12 натпревари по ред во новата сезона, по воведниот пораз од Кливленд и следниот од Бакс.

Кајри Ирвинг (11-ти ноември) беше повреден во лицето од соиграчот Арон Бејнс, на мечот со Шарлот, има фрактура на вилицата и мал потрес на мозокот, не се знае до кога ќе отсуствува од терените.

Добро за нив и за НБА лигата, е што последната победа ја извојуваа без првата ѕвезда, што значи овој тим има огромен потенцијал, а доказ за тоа е и најдобриот скор во лигата, во моментов (12/2, Хјустон има 11/3 на Западот).

Аплицирајте веднаш за

Згора на тоа, за 12-ката Бостон победи против Торонто Репторс (94:95), еден од директните конкуренти за висок пласман во источната конференција.

2008/09

Остануваат запаметени рекордните 19 стартни победи во низа, во сезоната 2008/09, веднаш откако Селтикс ја освоија титулата против Лејкерс (2008).

Тогаш беа предводени од триото Пирс-Гарнет-Ален кое што комбинираше меѓу 16 и 19 поени по натпревар за секој од нив, а моторот на екипата беше Ражон Рондо.

1981/82

Во сезоната 1981/82 Бостон имаше серија од 18 победи, но Лери Бирд и компанија не ја одбранија титулата и загубија во финалето од Џулиус Ирвинг и Филаделфија.

Истата генерација „побудале“ во сезоната 1985/86, со неколку победнички серии, 8,9,13 и 14 меча по ред без пораз, на патот кон титулата против Хјустон Рокетс.

1964/65

Бостон имаше серија од 17 меча без пораз во сезоната 1959/60, кога Бил Расел ги предводеше Селтикс до втората од 8-те последователни титули.

Четири години подоцна, беше поставен тогашниот рекорд во НБА лигата, 62 победи во регуларниот дел, а серијата на Селтикс беше 16 меча без пораз.

Во 1957/58, Бостон Селтикс ја отворија сезоната со 14 победи, а во финалето загубија од Боб Петит и Ст. Луис Хокс.

Двете најголеми ѕвезди на Бостон – не се знае до кога ќе отсуствува Ирвинг, но Хејворд сигурно до крајот на сезоната, можеби и до крајот на следната година, поради страшната двојна повреда на ногата.

Тешко дека сезонава, Селтикс ќе може да го повторат својот најдобар старт (19 натпревари во низа без пораз) затоа што по Бруклин, во Гарден доаѓа екипата на Голден Стејт, по што следува серија од три гостувања.

Но, историјата неколку пати ни покажала дека, кога се во прашање „детелинките“, ништо не е исклучено.