ПОЧЕТНА Евролига Маките на ПАО продолжуваат, Фенербахче се вкопува на врвот

Маките на ПАО продолжуваат, Фенербахче се вкопува на врвот

сподели
euroleague.net

Армани Милано ја прекина низата од 5 порази со триумфот кај Панатинаикос со 83:86, со што грчката екипа падна на 11-та позиција, далеку од првите осум места кои што водат во плеј-оф доигрувањето. Гудаитис постигна 20 поени за победникот, Џерелс 15, а Џејмс 12 поени.

euroleague.net

Турскиот шампион ја регистрира 10-та победа во низа, со триумфот кај Будуќност со 65:89. Јан Весели постигна 19 поени со 9 скока и 3 украдени топки, а Жофри Ловерњ имаше 17 поени. Фенербахче останува на само еден пораз, со вкупен скор 13/1 на врвот на табелата во Евролига, по 14 одиграни кола.

euroleague.net

Реал Мадрид победи со 72:82 кај Баерн во Минхен, за четвртата победа во низа и за вкупен скор 12/2 со што шампионот е на втората позиција на табелата. Ентони Рендолф имаше 22 поена за победникот, а Стефан Јовиќ 11 поени со 5 асистенции за поразениот домаќин.

euroleague.net

Во пиштолџиската пресметка со многу поени, ЦСКА во Москва го совлада Анадолу Ефес со 102:84. Русите имаат 11/3 на третата позиција, ги предводеше Вил Клајбурн со 24 поени и со 11 скока. Олимпијакос победи на шестиот меч од последните седум, со 98:77 и со рекордни клупски 29 асистенции против Гран Канарија.

euroleague.net

Жалгирис победи на двата меча во неделата со две кола, во вториот против Макаби со 80:73. Барселона ја прекина низата од 4 порази, со победата кај Виториа со 70:77. Во највозбудливиот меч што беше решен во последните секунди, Химки победи против Дарушафака со 85:84.