ПОЧЕТНА Интернационалци Македонците не соработувале? Грешите!

Македонците не соработувале? Грешите!

сподели
Тане Спасев (лево) и Никола Василев (десно)

Уште едно македонско дуо ќе функционира во една од најсилните европски лиги, тоа е двоецот Спасев – Василев. Нашиот У20 селектор му се приклучи на стручниот штаб на Легија од Варшава.

Полската екипа се врати во премиерното натпреварување на оваа земја во 2017-та година, по 14 години отсуство. Во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, Легија била непобедлива машинерија.

„Легија е клуб и спортско друштво со голема традиција и историја, чест е да се работи и да се биде дел од една ваква голема организација.“ – вели Василев за basketball.mk.

Аплицирајте веднаш за

Прв тренер на составот од полската престолнина, е македонскиот стручњак Тане Спасев кој што минатата сезона дојде од редовите на Химки.

Сезонава, македонското јадро во Легија, станува побројно.

„Во стручниот штаб на Легија Варшава се приклучив по повик и барање на нашиот тренер и мој добар пријател Тане Спасев, со кого одлично се познаваме и соработуваме.

По 3 годишниот ангажман во Литванија, секако дека ова е нов предизвик за мене, нова средина, нова лига, нови идеи.

Тимот е составен од млади играчи, ние сме втора најмлада екипа во полската лига, што го прави предизвикот уште поголем.“ – истакнува Никола Василев.