ПОЧЕТНА Избор на уредникот МАКЕДОНСКОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ЕВРОЛИГА: Јелена Антиќ

МАКЕДОНСКОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ЕВРОЛИГА: Јелена Антиќ

сподели

Македонија ќе има нов претставник во кошаркарската Евролига (во организација под капата на FIBA), овој пат во женска конкуренција, во името на нашата најекспонирана кошаркарка во моментов, Јелена Антиќ.

„Потпишав договор со екипата на Висла Кан-пак Краков, со траење од 9 месеци или една сезона. Многу сум среќна поради комплетирањето на овој договор, затоа што мојата нова екипа е тим со високи амбиции.“ – изјави Јелена, за basketball.mk.

Наредната сезона, Јелена Антиќ и полскиот клуб ќе настапуваат во елитното европско натпреварување, што е одлична шанса за промоција на нашата најдобра кошаркарка во моментов, еден од нашите ретки елитни претставници.

„Полската лига е една од најсилните лиги во Европа, во женска конкуренција. Дополнителен предизвик за мене и огромен мотив во наредната сезона, ќе бидат настапите во Евролигата, која што е најсилното натпреварување за дамите на Стариот континент.“ – рече Антиќ за basketball.mk.

Аплицирајте веднаш за