ПОЧЕТНА УЛЕБ Македонскиот шмек во УЛЕБ Купот

Македонскиот шмек во УЛЕБ Купот

сподели
asmonaco

Во фазата Топ 16 се пласираа двата тима кои што во своите редови имаат македонски претставници. Монако со тренерскиот тандем Сашо Филиповски и Боби Митев како првопласирана екипа, а Андора со Шејн Витингтон како второпласирана екипа од групата А.

Новите групи кои што се формирани во вториот круг, во второто според квалитет европско клупско натпреварување, се:

Група Е: Монако, Алба, Партизан, Ритас
Група Ф: Локомотива, АСВЕЛ, Франкфурт, Улм
Група Г: Валенсија, Уникаха, Црвена звезда, Лимож
Група Х: УНИКС, Андора, Цедевита, Зенит

eurocupbasketball.com

Од 24-те тима, 16 останаа во конкуренција. Натпреварите почнуваат на почетокот на јануари (1-2) и ќе се играат до почетокот на февруари (5-6).

Двете најдобри екипи од секоја група продолжуваат во плеј-офот. Во елиминациската фаза се играат четвртфинале, полуфинале и финале во формат „подобар од три натпревари“.