ПОЧЕТНА Женска кошарка Македонскиот Промете, заврши на 10-та позиција во У16 во Шпанија

Македонскиот Промете, заврши на 10-та позиција во У16 во Шпанија

сподели

Екипата на нашите две репрезентативки ги заврши натпреварите на кадетскиот шампионат што се одржува во Валенсија, со пласман на 10-та позиција, што според очекувањата пред сезоната е огромен успех на овој тим.

Ана Цветковска (средина, сив дрес) мораше „сама“ да го доигра мечот, без репрезентативната колешка, која што се повреди.

На последните два меча, Промете забележа победа и пораз, славеше против Адарева со 74:67, односно загуби од Кларет со 71:63.

На првиот споменат меч што беше претпоследен на завршницата во Валенсија, Цветковска имаше 13 поени со 3 скока, а Димитријевиќ 12 поени, додека на последниот Цветковска реализира 3 поени со 13 скока, а Димитрјевиќ се повреди.

Сестрата на нашиот репрезентативец Ненад (трета од лево, горен ред), доживеа дисторзија на скочниот зглоб, следува снимање со магнетна резнанса, но најверојатно не се работи за тешка повреда.