ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонија ќе гледа (од) високо во ФИБА

Македонија ќе гледа (од) високо во ФИБА

сподели

Нашата федерација, по изборот на Перо Антиќ, ќе ужива голем углед во европската кошаркарска асоцијација, односно во континенталниот огранок на ФИБА, ако на чело дојде Дејан Томашевиќ.

Србинот ја поддржа кандидатурата на Перо Антиќ, истото ќе се случи и на крајот на мај, кога ќе следат изборите на повисоко ниво.

Ивковиќ, Антиќ, Томашевиќ и Гечевски.

Македонија ќе застане зад природниот партнер, соборник, соработник, сосед, брат, сестра, роднина, земјак – Србија, со кого делеше и дели и ќе дели и добро и лошо повеќе од еден век, а можеби и подолго.

Томашевиќ недвојбено е на страната на Антиќ и ќе помага на секое поле, како што беше најавено, нашата кошарка да заживее и да се врати во европските, односно да се обиде да ги достигне и светските височини.