ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прегазена и Данска – Македонија е пред четвртфинале!!!

Прегазена и Данска – Македонија е пред четвртфинале!!!

сподели

Кадетската репрезентација многу веројатно ќе се бори за пласман во А-дивизијата од Европското првенство.

Во клучниот натпревар од групата Б, селекцијата предводена од Александар Јованчев ја совлада Данска со 99:89 и сега ни е потребна победа против Норвешка или пораз на Белгија од Русија во последното коло.

Аплицирајте веднаш за

Уште еднаш оваа репрезентација покажа карактер каков што немаат многу наши селекции. Данска одлично го почна натпреварот, во првата четвртина водеше и со осум поени разлика.

Пресвртот почна во вториот, а кулминираше во третиот период. Постепено го мелевме противникот до 70:63 на истекот од 30. минута. Кога веќе нашите кадети дојдоа до предноста, не дозволија да ја испуштат до крајот, напротив поведоа и со 93:80 на 150 секунди пред крајот не оставајќи им ни најмала надеж на Данците дека можат да дојдат до победата.

Марко Миловановиќ го одигра својот најдобар натпревар на првенството, постигна 30 поени со девет украдени топки и седум скока за вкупен индекс 32.

Покрај него се истакна и Андреј Андоноски со 22 поена, но честитки заслужуваат сите кошаркари за максималната пожртвуваност и квалтет што го покажаа. Мора да се истакне и тоа дека селекторот Јованчев го одигра најважниот натпревар со само седуммина кошаркари.

Ако нема изненадување, противник во четвртфиналето ќе ни биде Романија која е убедливо првопласирана во групата А.