ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонија е во четвртфинале!!!

Македонија е во четвртфинале!!!

сподели

Кадетската репрезентација и дефинитивно е меѓу осумте најдобри на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Сараево.

Во пресрет на последното коло, на нашиот национален тим му беше потребна победа против Норвешка или пораз на Белгија од Русија.

Се случи второто, со оглед на тоа што Белгија и Русија први излегоа на теренот, па на македонската селекција и пред дуелот со Норвешка и е загарантирано второто место во групата. Русите триумфираа со 84:71 и ја обезбедијата првата позиција.

Аплицирајте веднаш за

Противник на нашите кадети во четвртфиналето најверојатно ќе биде Романија која во последното коло се среќава со аутсајдерот Луксембург и со победа ќе биде прва во групата А.