ПОЧЕТНА Во позадина МАКЕДОНИЈА Е БУРЕ БАРУТ: Зошто се игра без присуство на полиција? ЗОШТО???

МАКЕДОНИЈА Е БУРЕ БАРУТ: Зошто се игра без присуство на полиција? ЗОШТО???

сподели
Момент од масовната тепачка на мечот меѓу Австралија и Филипини (фото: time.com).

Натпреварите од пониските кошаркарски лиги на Македонија, не би требало да претставуваат мегдан за инциденти од каков било тип, затоа што кошаркарската публика, (скоро) секаде во светот, се смета за културна и цивилизирана.

Има исклучоци, а тоа се најчесто големите дерби пресметки (на кои што може и да се загуби главата) во нашата Прва лига, Грција, Србија, Турција и другите земји кои што се дел од т.н. источен блок, без разлика што некои од нив во своето функционирање гравитираат кон западот (НАТО, мато и слично).

Момент од натпревар меѓу Олимпијакос и Панатинаикос, кога домашната публика фрла со дрва и камења по гостинските играчи, што е слика земена само како пример, но е позната и во другата сала каде што играат овие две екипи (фото: hooligans.tv).

Освен тоа што не сме репер, ниту пак пример од светски рамки, затоа што (за што сме си самите виновни) сме издувот на светот (вака благо да се изразиме, да не го употребиме зборот што почнува на „чм“), ние воедно сме и лесно запалива материја, која што се разгорува и кога пламенот се гледа од далеку и не не допира, а ако не допре – правиме пепел!

Аплицирајте веднаш за

Ќе се прашаме – Такви сме и сега што да правиме? А одговорот е едноставен, барем за конкретната ситуација што се случи на второлигашки кошаркарски натпревар во нашата земја – Да не играме без присуство на органите на редот и мирот (а тие совесно да си ја извршуваат својата задача)!!!

Точно е дека прво домаќинот треба да се потруди за редот и мирот со редарска служба, а дури потоа полицијата по барање на домаќинот, но постои реален доказ дека тоа кај нас не е можно да функционира и затоа државните органи мора нешто да преземат, па дури ако треба и да се вратат старите комуњарски закони кога играше пендрекот и сите беа мирни уште кога ќе им текнеше дека треба да одат на натпревар.

Инцидент во Кавадарци на финалето на Купот 2018, тепачка на трибината која што полицијата не успеа да ја спречи (фото: gol.mk).

На дуел од втората лига, на кој што се соочија две екипи што се далеку во квалитетот како што се далеку меркур и нептун, гостинската поквалитетна, а домашната во моментов со послаб квалитет, еден од домашните играчи го нападнал гостинскиот. Зошто и како, не е ни битно. Имало напад, што не е кошаркарски момент!

На нападот се приклучиле 10-тина млади лица од трибината и целата клупа на домашната екипа, велат очевидци од гостинската екипа. Од домашните, се уште немаме информација или изјава што се случило и како тие гледаат на настанот.

За среќа, велат очевидците од гостинската екипа, имало двајца трезвени повозрасни мажи во публиката, а воедно и домашниот тренер бил при свест, па овие тројца се обиделе и успеале да ги оттргнат напаѓачите од гостинскиот играч, кој што, може да замислите, како ќе си поминел, ако дваесетина лица го (до)тепале во група…

Исечок од официјалниот документ на МКФ

Според пропозициите за натпреварување, кои што редовно им се сервираат на официјалните лица што МКФ ги испраќа на терените, во електронската комуникација која што е официјална, се сугерира ДА НЕ ПОЧНУВААТ НАТПРЕВАР АКО НЕМА ОРГАНИ НА РЕДОТ И МИРОТ, меѓу другото.

Прашањата што се поставуваат за овој конкретен случај, кој што не треба да се поврзува со слични или претходни, но мора да се спречат вакви идни, се следниве:

  1. Дали натпреварот бил пријавен во МВР?
  2. Дали имало претставници на МВР во салата?
  3. Ако имало, дали реагирале, а ако немало, зошто ги немало?
  4. Кој и зошто дозволил да се одигра натпреварот без исполнување на сите претходни услови наведени од страна на Канцеларијата на МКФ, ако условите навистина не биле исполнети?
Исечок од официјалниот документ на МКФ

Со глед на тоа дека натпреварот бил прекинат, следува разврска во Канцеларијата на МКФ. Треба да се испита случајот, детално и совесно, непристрасно, по што треба да се донесат заклучоци.

Сторителите на прекршоци, ако ги има, треба да се санкционираат. Ваквите случаи, мора во иднина да се спречат. Ако сакаме кошарка…

(НАПОМЕНА: Во текстот е користен сленг!)