ПОЧЕТНА Евролига Макаби ја продолжува сезоната на грчки погон

Макаби ја продолжува сезоната на грчки погон

сподели
euroleague.net

Катастрофалните резултати на почетокот на сезоната придонесоа најпознатиот израелски кошаркарски колектив, Макаби Тел Авив да го отпушти досегашниот тренер Невен Спахија. Покрај прекинувањето на договорот со Спахија, му беше прекината соработката и на неговиот прв помошник Гај Гудес.

Израелците не чекаа долго и тренерското место веднаш го пополнија со грчкиот стратег Јанис Сфаиропулос, кој потпиша двегодишен договор, со кој би се задржал во Тел Авив до крајот на сезоната 2019/20.

Веднаш по потписот на договорот со Макаби, презадоволниот стратег даде изјава за официјалната веб-страна на клубот:

„Многу сум горд што ќе бидам дел од ваков голем клуб, каков што е Макаби Тел Авив. Сакам да им се заблагодарам на сопствениците на клубот, на менаџментот и на сите останати кои беа заслужни да се случи ова и кои веруваат во мене, да бидам тренер на екипата.

На навивачите сакам да им кажам дека ќе направам се што е во моја моќ за да успееме. Сега е време да работиме напорно за да ја промениме ситуацијата во тимот. Имам целосна доверба во ростерот со кој располагам.

Ќе се бориме сите заедно, и играчите и стручниот штаб, мора да бидеме 100% подготвени, веќе нема простор за изговори, сега е време само за напорна работа и акција.“

Аплицирајте веднаш за

Грчкиот стратег ќе дебитира на клупата на Макаби, на гостувањето во Истанбул, кај секогаш незгодниот Анадолу Ефес во рамките на осмото коло од Евролигата.

Сфаиропулос претходно мина 4 сезони како предводник на Олимпиjакос, кого го предводеше до две домашни титули и две учества на Фајнл-фор турнирот во Евролигата.

Сепак, поразот од лутиот ривал ПАО во финалето од плејофот со резултат 3:2, што значеше губење на титулата втора сезона по ред, значеше и замена на клупата на пирејската екипа, со Дејвид Блат.