ПОЧЕТНА Евролига Макаби и Дарушафака изненадија, шпанците напредуваат

Макаби и Дарушафака изненадија, шпанците напредуваат

сподели
euroleague.net

Тел Авив го виде трилерот на првиот ден од 15-то коло во елитното натпреварување, што заврши со 94:92 за Макаби во дуелот со Армани. Миланезите беа фаворити, но си заминуваат од Израел со осмиот пораз сезонава, а домашните ја забележаа петтата победа. Џони О’Брајант постигна 32 поена кај победникот, Недовиќ имаше 17 за поразените.

euroleague.net

Турската екипа ја прекина низата од 12 порази и славеше против фаворизираниот Олимпијакос, со 79:75. Овие два тима ги поврзува тренерот на грчката екипа, Дејвид Блат, кој што од Дарушафака направи елитен европски клуб. Тони Даглас имаше 19 поени со 9 асистенции и 5 украдени топки за домаќините, а Стрелниекс 15 поени кај гостите.

euroleague.net

Басконија е во серија од три победи, со триумфот кај Химки со 77:85, за 7/8 на табелата. Шавон Шилдс имаше 15 поени за победничкиот тим, а Џордан Мики 19 за поразените домаќини, кои што сега имаат 5/0 во поредокот во Евролига.

euroleague.net
Аплицирајте веднаш за

Барселона победи на втор меч по ред, со 80:65 против Анадолу Ефес во Блауграна, што е изненадувачки висока победа за шпанскиот претставник. Каталонската гордост има 7/8, додека турската екипа има 9/6 по 15 меча. Пиер Ориола ги предводеше победниците со 14 поени, Брок Мотум на спротивната страна имаше 13 поени.