ПОЧЕТНА Евролига Магичниот момент и шпанското дерби го одбележаа третото коло

Магичниот момент и шпанското дерби го одбележаа третото коло

сподели
euroleague.net

Битката за Шпанија помина во знакот на кралската екипа, Реал Мадрид победи во престолнината против Басконија, со 97:79. Шампионот е непоразен по три одиграни рунди, а гостите паднаа на 1/2. Серхио Љуљ имаше 23 поени за победникот, а кај поразените Марсело Уертас постигна 14 поени.

euroleague.net

Неочекуваниот расплет се случи во Пиреја, Олимпијакос доживеа пораз од Армани со 75:99. Убедливиот перформанс на гостите беше диригиран од поранешниот играч на ПАО, Мајк Џејмс кој што имаше 22 поена. Кај домашните, се истакна Никола Милутинов, со 15 поени и 10 скока.

euroleague.net

Фенер успеа да се извлече во Литванија, славеше на гостувањето со 75:82. Првото водство за турската екипа дојде во средината на последниот период, по што контролата беше воспоставена и фаворитот замина со третата победа на почетокот на сезоната. Слукас имаше 20 поени за екипата на Фенербахче, а Волтерс 23 кај Жалгирис.

Аплицирајте веднаш за

Доуш Балбај го изведе потегот на колото, со тројка за победа во последните секунди од мечот меѓу Химки и Ефес, кој што заврши 84:85. Гостите имаа +12, но Швед со 14 поени (25 вкупно) за помалку од 4 минути ги врати руските кошаркари во игра. Сепак, Балбај беше човекот на одлука, а Бубоа беше најдобриот срелец за истанбулската екипа, со 26 поени.

euroleague.net

На табелата, Реал, Фенер и ЦСКА немаат пораз (3/0), следуваат Армани, ПАО, Анадолу и Олимпијакос (2/1), потоа Макаби, Жалгирис, Барселона, Дарушафака, Басконија, Баерн и Гран канарија (1/2), а на дното се Будуќност и Химки (0/3). Возбудувањата продолжуваат на 25-ти октомври.