ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Магдевски растури против „своите“, лесна победа на Гостивар

Магдевски растури против „своите“, лесна победа на Гостивар

сподели
фото: gostivarpress.mk

Андреј Магдевски ќе биде големо засилување за Гостивар, тоа го покажа уште во своето деби. Заедно со Јурај Сегариќ, најзаслужен е за убедливиот триумф против поранешниот клуб Фени Индустри со 92:59 на стартот од втората полусезона.

И пред натпреварот Гостивар беше голем фаворит за победата, а тоа се обиде да го оправда од почетокот. Беа потребни само пет минути за да поведе со 17:5, на крајот од првата четвртина беше 29:13 и убедливата разлика ја одржуваше до крајот на полувремето.

Малку подзапре на стартот од вториот дел кога Фени се доближи на само шест поени негатива (47:53), но следуваше серија од 8:0 за нова убедлива предност по која кавадарчани не се вратија.

Тотален дебакл гостива доживеаја во последниот период во кој постигнаа само шест поени и на крајот си заминаа со незаслужено висок пораз.

фото: gostivarpress.mk

Магдевски заврши со 21 поен, пет повеќе имаше Сегариќ, дуото кој треба да го води Гостивар во следниот дел од сезоната.

Кај Фени остана само Јане Петровски кој и на овој меч беше најефикасен со 18 поени.