ПОЧЕТНА А Репрезентација МАГДЕВСКИ: Одлична атмосфера, имавме малку време за уигрување

МАГДЕВСКИ: Одлична атмосфера, имавме малку време за уигрување

сподели
fiba.basketball

Селекторот Давитков истакна дека целата екипа одиграла во границите на моменталните можности, против селекцијата на Косово, но и во неговите зборови и во статистиката, односно во реалната слика на теренот, во одредени сегменти се издвоија двајца.

fiba.basketball

Освен Бојан Трајковски кој што имаше 23 поени со 13 скока, Андреј Магдевски одигра импресивен натпревар, особено во фазата на одбрана што покрај офанзивата на Трајковски, се покажа како другиот клучен елемент за победата (78:68) на нашата репрезентација.

„Пред се да се заблагодарам на големата поддршка во Гевгелија каде што имаше одлична атмосфера за играње. Знаевме дека нема да биде лесно, незгодна репрезентација е Косово иако се подмладени и играа без странец.“

fiba.basketball

Македонија имаше големи осциласии во играта, особено на крајот на првиот период (29:16) и во текот на втората четвртина (10:19), кога не успеавме да го задржиме водството што го градевме со фуриозниот старт на натпреварот (23:7, 29:13).

„Голем дел од натпреварот го контролиравме, а тие мали падови во играта се резултат на краткиот временски период кој што го имавме за подготовка на натпреварот.“

fiba.basketball
Аплицирајте веднаш за

За пласман во квалификациите, од овој претквалификациски циклус, потребна ни е победа во Романија или пораз под 14 поени, со оглед на триумфот против Романците во Скопје (90:76).

„Сепак се уште го немаме обезбедено местото во следната фаза, па во Романија одиме на уште една победа. Се надевам дека со ваква игра и борбеност ќе ја вратиме Македонија во редот на најдобрите во Европа.“

fiba.basketball

Првопласираната репрезентација од нашата група (Б), како и од групите А и Д, ќе се пласира во квалификациите за ЕП, каде што веќе е селекцијата на Белгија од претквалификациската група Ц.