ПОЧЕТНА АБА МАГДЕВСКИ: Одличен меч, покажавме и дека сме хумани луѓе

МАГДЕВСКИ: Одличен меч, покажавме и дека сме хумани луѓе

сподели
фото: МЗТ Скопје / Петр Стојановски

Најдобар поединец на аеродромската екипа во дуелот со Сплит, од нашите играчи, беше репрезентативниот плејмејкер кој што одигра перфектен натпревар.

Во дуелот од 6-то коло во АБА2 лигата, за помалку од 14 минути на паркетот Магдевски постигна 13 поени, имаше и по 4 асистенции и прифатени топки под обрачите.

„Добар натпревар пред нашата публика против топ 4 екипа од АБА 2. Повторно го оправдавме домашниот терен и треба да продолжиме со ваква енергија и пожртвуваност и на гостински терен без разлика дали станува збор за противник од АБА 2 лигата или во домашното првенство.“

фото: МЗТ Скопје / Петр Стојановски

Можеби најбитниот моменти во неговата игра против хрватскиот претставник, беше нулата во графата на загубени топки, што за еден организатор на играта, но и за неговата екипа, значи многу.

Аплицирајте веднаш за

Репрезентативецот шутираше со неверојатни 71.4% реализација од поле, со 4/5 во ударите за два поена, 1/2 за три поени и со 2/2 во ударите за еден поен.

„Одигравме добар натпревар, тимски и затоа победивме. Сакам да напоменам и дека сум навистина среќен и задоволен што дојдоа поголем број љубители на спортот, а пред се хумани луѓе, за сите заедно да му помогнеме на Борче Цветановски кому му се потребни средства за лекување во странство.“