ПОЧЕТНА АБА Магдевски МВП во поразот кај Динамик

Магдевски МВП во поразот кај Динамик

сподели
druga.aba-liga.com

Македонскиот репрезентативен плејмејкер беше најкорисниот играч на натпреварот во Белград, што МЗТ Скопје го загуби со 98:75, во рамките на 19-то коло во АБА 2 лигата.

Андреј одигра нешто над 31-на минута, имаше солиден учинок од 12 поени со 62.5% прецизност во вкупниот шут од поле.

Реализира 4/7 во ударите за два поена, го погоди единствениот шут за три поени што го упати, погоди едно од двете слободни фрлања што ги изведе.

Покрај двоцифрениот број поени, организаторот на играта на металците имаше 5 асистенции, што беше скоро половина од вкупните прескромни 12 тимски додавања на скопската екипа.

Тој имаше 4 (3 дефанзивни и 1 офанзивен) скока и две украдени топки, со една загубена, за вкупен индекс од 24, што беше најдобра валоризација на натпреварот, во двата табора.

Штета што оваа одлична партија на Магдевски, не беше во триумф на штрковите, туку во најтешкиот пораз сезонава во втората јадранска лига.