ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МАГДЕВСКИ: Во Кавадарци беше супер, но сакам да напредувам

МАГДЕВСКИ: Во Кавадарци беше супер, но сакам да напредувам

сподели
Минатата сезона Магдевси ја почна во Фени, а ја заврши во Кавадарци

Гостивар добива огромно засилување за вториот дел од сезоната во кој ќе се обиде да стигне до плеј-офот во домашното првенство и што подалеку во завршницата од Купот на Македонија.

Андреј Магдевски ги договори сите услови за трансфер во новиот прволигаш. Останува само уште потпис по што ќе го напушти Фени Индустри, односно Кавадарци по 18 месеци поминати таму.

„Во Кавадарци ми беше одлично, атмосферата во тимот беше прекрасна и бележевме добри резултати. Но, се случија некои несакани работи, едноставно беше невозможно да се продолжи.

Одлучив да бидам конкурентен, да продолжам да напредувам и да играм. Најважно ми е да имам слобода во играта и минутажа, мислам дека тоа можам да го добијам во Гостивар”, изјави Магдевски за basketball.mk.