ПОЧЕТНА АБА Мавра заминува и од МЗТ Скопје

Мавра заминува и од МЗТ Скопје

сподели
КК МЗТ Скопје Аеродром / Драган Митрески

Хрватскиот плејмејкер ги напушта редовите на македонскиот шампион.

Ова е негова втора епизода во Македонија, по онаа во Карпош Соколи минатата сезона, а и вторава завршува со негово заминување.

Од извори во клубот дознаваме дека Доминик Мавра оди за Летонија на негово барање, што ќе биде проблем за аеродромци затоа што во АБА лигата се борат за опстанок, а немаат право на нови играчи.

Се чека да биде уплатено обештетувањето на сметката на МЗТ Скопје, по што Мавра и официјално да може да се пресели во новата средина.

Хрватскиот интернационалец Доминик Мавра (фото: КК МЗТ Скопје Аеродром / Драган Митрески)

Сепак, до крајот на сезоната може да се случат чуда, како минатата, па МЗТ Скопје да преживее во регионалното друштво.

Во секој случај, ќе гледаме неизвесна завршница на нашите натпреварувања и на АБА лигата.