ПОЧЕТНА НБА Лу Вилијамс најдобар стрелец во историјата на играчите што не се стартери

Лу Вилијамс најдобар стрелец во историјата на играчите што не се стартери

сподели

Кошаркарот на Клиперс постигна 34 поени во победата против Бостон, со 140:115 и влезе меѓу бесмртните играчи што настапувале во најквалитетната лига на светот.

Тој го помина таткото на Стеф Кари, Дел, со најмногу поени во кариерата (11.153) на вечната листа на играчи кои што не ги почнувале натпреварите во стартните петорки.

Оваа категорија е меѓу статистичките показатели на НБА лигата, се брои од сезоната 1970/71, а до овој натпревар, лидер беше Дел Кари со 11.147 поени.