ПОЧЕТНА Други лиги Луѓето во позадината не се гледаат, но се чувствува нивното присуство

Луѓето во позадината не се гледаат, но се чувствува нивното присуство

сподели
mkf.mk

Мирен, тивок, умерен. Таков е неговиот карактер, таква е екипата што тој помогна да се изгради, со која што освои двојна круна во женската кошарка.

Трпението беше нивната доблест, борбеноста и упорноста двата рога што го пробиваа патот кон неизмерната желба, што на крајот се оствари:

„Задоволството е големо, им честитам на вардаровите девојки и на стручниот штаб, кои по трите последователни Куп трофеи, успеаја да ја донесат и титулата под Кале.

Се разбира, голема благодарност и до фирмата Еуроимпекс, кој со години наназад го помага Вардаровиот кошаркарски колектив.“ – изјави Бране Андриевски, еден од координаторите на проектот Вардар.

Андриевски има голем придонес и во младинските репрезентации на Македонија, односно во комплетната структура на КК Вардар кој што во моментов е еден од најработливите клубови во нашата земја.