ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лука Савичевиќ најдобар асистент на Европското првенство

Лука Савичевиќ најдобар асистент на Европското првенство

сподели

Капитенот на македонската кадетска репрезентативец е прв додавач во досегашниот дел од шампионатот што се одржува во Сараево.

Во првите три дуели од првенството во кои Македонија играше со Русија, Белгија и Словачка, Лука Савичевиќ оствари вкупно 18 асистенции или во просек по шест по натпревар.

Најмногу против Белгија кога оствари и дабл-дабл со 17 поени и десет асистенции.

„На последните два натпревара покажавме одлична тимска и докажавме како достојно се бранат боите на нашата земја.

Ми импонира тоа што сум најдобар асистент по првите три кола, но најважно е македонската репрезентација да победува. Подготвени сме да се носиме со секој предизвик и се надевам дека ќе продолжиме со добрите игри“, изјави Савичевиќ за basketball.mk.

Аплицирајте веднаш за

По слободниот ден, кадетската репрезентација на Македонија ја очекува дуелот со Данска. Евентуална победа ја носи во четвртфиналето од Европското првенство Б-дивизија.