ПОЧЕТНА Некатегоризирана ЛУКАЈИЌ: Кошаркарите не трпат агресивност на тренинзите

ЛУКАЈИЌ: Кошаркарите не трпат агресивност на тренинзите

сподели

МЗТ Скопје претрпе уште еден убедлив пораз во АБА лигата.

На гостувањето кај Мега Бемакс загуби со 77:106 и ги сведе на минимум шансите за опстанок во регионалното друштво.

Тренерот Жељко Лукајиќ по натпреварот посочи дека лошите резултати се резултат на однесувањето на тренинзите.

„Факт е дека ние многу лошо реагираме на притисок на противникот, на пресинг и силна одбрана и силен контакт. Им кажав на играчите дека тоа е последица на тренинзите.

Не е дека не тренираме, но премногу сме меки на нашите тренинзи. Премногу сме другари, нема острина, па штом некој некого посилно турне, веднаш сме како „навредени невести“ и доаѓа до расправии.

Тие работи мораме да ги решиме во главите, но и на теренот бидејќи ако сакаме да научиме да играме кошарка против агресивни одбрани, мора на тренинзите да бидеме поагресивни за да се адаптираме на такви услови.

Сите оправдувања дека во овој момент сме во голем проблем, дека двајца кошаркари се повредени, дека имаме мала ротација со надворешните кошаркари, дека на плејмејкерската позиција имаме еден јуниор без воопшто искуство… не се оправдување за овие елементи за кои зборувам.

Знаеме каква е ситуацијата, знаеме каде сме, веројатно ќе ни дојде кошаркарска памет за да ја спасиме оваа сезона”, изјави Лукајиќ.