ПОЧЕТНА Евролига ЛУДНИЦА ВО ПОДГОРИЦА: Аутсајдерот го нокаутира богаташот

ЛУДНИЦА ВО ПОДГОРИЦА: Аутсајдерот го нокаутира богаташот

сподели
euroleague.net

Екипата на Будуќност го приреди најголемото изненадување сезонава во Евролига, совладувајќи го составот на московска ЦСКА, со 93:92 во рамките на 9-то коло во елитното натпреварување.

Предводени од нашиот поранешен селектор Александар Ѓикиќ, црногорските кошаркари надополнија негатива од 17 поени и заслужено ја напуштаат салата Морача со кренати глави, а може само да претпоставиме до кога ќе се слави во престолнината на оваа земја.

Никола Ивановиќ (десно, фото: euroleague.net)

Ерл Кларк (18 поени) и Немања Гордиќ (17 поени, 7 асистенции) ја почнаа серијата за пресврт на вечниот црногорски шампион, минатата сезона победник во АБА лигата со што избори место меѓу најдобрите европски екипи, а херојот со победничките поени беше Данило Николиќ на 5 секунди до крајот.

Аплицирајте веднаш за

Нандо Де Коло постигна 19 поени, имаше и 6 асистенции, а ЦСКА Москва (втора позиција, Реал Мадрид 8/1) го претрпе првиот пораз и веќе нема екипи со максимален учинок. Ова беше само втора победа за Будуќност, за 13-та позиција на табелата.

Одамна, руската машинерија троши најмногу пари во Европа, сезонава има буџет од околу 40 милиони евра. Претпоставка е дека вечниот црногорски шампион, кој што по 15 години се врати во елитното натпреварување, има буџет меѓу 2 и 3 милиони евра.