ПОЧЕТНА Младински лиги Лош финиш, Цибона, сепак, пресилна за младите „штркови“

Лош финиш, Цибона, сепак, пресилна за младите „штркови“

сподели
Дамјан Миса (десно), во дресот на МЗТ Скопје, во јуниорската АБА лига против Цибона.

По триумфот над Морнар, МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз во групната фаза од јуниорската АБА лига.

Подобра од нашиот тим беше Цибона која оствари убедлива победа од 91:66. Конечниот резултат не е реален одраз на она што се случуваше на теренот бидејќи иако Цибона доминираше, МЗТ Скопје беше конкурентен се до последната четвртина.

Аплицирајте веднаш за

На две минути пред крајот на третиот период резултатот беше 57:50 за Цибона, но загрепскиот тим направи серија од 9:0 и се одлепи на недостижни 16 разлика. Кога веќе се беше решено, во последните минута Цибона со уште една серија од 10:2 само ја зачини победата.

Дамјан Крстевски со 22 поени повторно беше најефикасен во тимот на МЗТ Скопје, но покрај него, само уште Темелковски одигра на високо ниво.

На спротивната страна „растури“ Роко Пркачин, синот на прославениот хрватски кошаркар Никола Пркачин, кому за малку му избега трипл-дабл ефект. За речиси 37 минути на теренот, тој постигна 22 поени, 16 скока и осум асистенции за индекс 42.

https://twitter.com/ABA_League/status/934401634305789953

До крајот на турнирот што се одржува во Белград, за нашиот тим остануваат уште дуелите против Мега Бемакс и Црвена Звезда кои се играат утре од 9 и од 16 часот.