ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лош почеток на македонските младинци

Лош почеток на македонските младинци

сподели
фото: МКФ

Македонската репрезентација до 20 години доживеа убедлив пораз во првиот подготвителен натпревар пред Европското првенство Б-дивизија што во јули ќе се одржи во Софија.

Во дуелот со Унгарија, нашите младинци загубија со 50:67 покажувајќи многу знаци на слабост и елементи кои ќе треба да се поправат во следниот период.

Аплицирајте веднаш за

Кобна беше втората четвртина која гостинските кошаркари ја почнаа со 18:4 и по пет минути игра во неа поведоа со 37:20. Не функционираше шутот во нашиот тим, особено од далечина и тоа се одрази на резултатот бидејќи во целата четвртина постигнавме само шест поени.

Во третиот период Унгарија ја достигна највисоката предност од 21 поен разлика (47:26) и се до крајот беше само формалност иако македонската селекција успеа да намали малку.

Избраниците на Никола Василев погодија само 32% од игра и пет тројки од 24 обиди. Четири од нив реализира Виктор Ефремовски кој беше единствениот со двоцифрен поентерски ефект – 12.

И Унгарците имаа само еден кошаркар со десет или повеќе поени, но кај нив во листата на стрелците се запишаа сите кои влегоа во игра.