ПОЧЕТНА Во позадина Литванците совршено се вклопија во циркусот со браќата Бол

Литванците совршено се вклопија во циркусот со браќата Бол

сподели

Кога веќе одлучија да да ги донесат контроверзните браќа Бол, Лианџело и Ламело, челниците на литванскиот клуб Витаутас одлучија да заработат на нив колку е можно повеќе. И внимание и пари.

Клубот се откажа од настапот во Балтичката лига и место таму, ќе игра пријателски натпревари со екипи од втората лига на Литванија и со вторите екипи на гигантите од оваа земја.

Првиот е закажан за 15 јануари против вториот тим на Жалгирис кога треба да дебитираат браќата Бол, а потоа следуваат дуели со вториот тим на Жалгирис, па Сакиаи, Алитус и Триобет. Да биде циркусот поголем, луѓето од Витаутас таа серија натпревари помпезно ја нарекоа Big Baller Brand Challenge Games.

Првиот контингент дресови на Лианџело и Ламело Бол веќе се распродадени преку Амазон и тоа за помалку од еден ден, а оваа серија натпревари која носи име по брендот што го создаде нивниот татко Лавар, директно ќе се пренесува на ФБ.