ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Литванците се кошаркарска нација, ама не знаат да прифатат пораз

Литванците се кошаркарска нација, ама не знаат да прифатат пораз

сподели

Гостувајќи на словенечката државна телевизија, генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Литванија, Миндаугас Спокас откри дека не е импресиониран од успехот на новиот европски шампион на последниот континентален собир.

Не само тоа, туку остро ја нападна словенечката кошаркарска репрезентација зборувајќи дека тоа не е 100% домашен производ каков што би требала да биде. “Проблем” на Спокас му прават натурализираниот Ентони Рендолф и селекторот Игор Кокошков кој е Србин.

Аплицирајте веднаш за

Можеби зборовите на Спокас и “држат вода” бидејќи она што е дозволено во кошарката, го нема во фудбалот, но речиси да нема репрезентација во Европа и светот која сега или порано не ја искористила можноста од ФИБА да натурализира странец или да го даде националниот тим на странски стручњак. Меѓу другите, тоа го направија и двете големи кошаркарски велесили Русија и Шпанија кои речиси редовно имаат натурализирани кошркари во своите редови.

Литванија засега издржува во борбата против тоа, има “поддршка” од Србија и, како што кажа Спокас, Летонија, но можеби токму затоа од 2003 година чека на нова европска титула.