ПОЧЕТНА ЕВРОПА Литванскиот хулиган нема да гледа кошарка во сала

Литванскиот хулиган нема да гледа кошарка во сала

сподели
eurohoops.net

Гледачот што имаше физички контакт со противнички играч е санкциониран со 15 месеци забрана за следење на кошаркарски натпревари во сала, но литванските медиуми објавуваат дека оваа казна се однесува и на сите останати спортски арени и настани во оваа земја.

Навивачот на Лиетувос Ритас го турна Василије Мициќ, кој што игра во дресот на Жалгирис, на почетокот на последниот период од вториот меч во финалната серија во Литванија.

Откако беше фаулиран при еден продор, српскиот интернационалец се најде лице в лице со споменатиот гледач, крај аут линијата, по што се случи инцидентот.

Аплицирајте веднаш за

Гледачот остана во арената до крајот на мечот, никој не го санкционираше неговото однесување, што беше критикувано од челниците на Жалгирис, а Мициќ не сакаше да коментира за случката.

Освен 15 месечната забрана, казнетиот ќе плати и 85 евра за неговото неспортско однесување.