ПОЧЕТНА Други лиги Лирија казнета со 72.500, ФМП со 25.000 денари

Лирија казнета со 72.500, ФМП со 25.000 денари

сподели
фото: КК Лирија

Комесарот за натпреварување на Македонската кошаркарска федерација ги изрече казните за инцидентот што се случи во последното коло од Втората лига на натпреварот меѓу Лирија 77 и ФМП.

Дуелот не го дочека својот крај поради тепачка што се случи во третата четвртина иницирана од домашниот играч Сејфула и гостинскиот Најдовски.

Аплицирајте веднаш за

Епилогот од сето тоа е суспензија на двајцата кошаркари во следните две кола од Втората лига и парични казни за клубовите.

Заедно со казните за кошаркарите, Лирија по неколку ставки треба да плати вкупно 72.500 денари, а ФМП Академија 25 илјади.