ПОЧЕТНА Евролига Лидерот падна по две продолженија, Барса го здроби Олимпијакос

Лидерот падна по две продолженија, Барса го здроби Олимпијакос

сподели
euroleague.net

Баерн во Минхен по две продолженија го кутна составот со најдобриот скор во моментов, во елитното натпреварување, со конечни 90:86 (66:66).

euroleague.net

Дерик Вилијамс постигна 19 поени, имаше и 5 скока, со индекс 26 што беше најдобро остварување на мечот. Американецот царуваше на двата краја, со атрактивни потези и во офанзивата и во дефанзивата.

euroleague.net

Мухамед Али имаше 23 поени за поразените, Жофри Ловерњ пропушти да го заврши мечот на крајот на првото продолжение, кога при негатива од еден поен промаши едно од двете слободни фрлања.

Фенербахче ќе остане на првата поизиција на табелата и покрај поразот во 21-то коло, затоа што има 18 победи. Реал Мадрид е на втората позиција со 16 победи, што значи дури и да победи кај Дарушафака, останува на истото место.

euroleague.net

Каталонците му вратија мило за драго на пирејскиот тим и со подобар меѓусебен скор, а со идентичен вкупен 12/9, се на петтата позиција. Мечот во Атина заврши 55:76 (+21), а грчката екипа во Барселона победи со 18 разлика.

euroleague.net

Химки имаше неверојатна последна четвртина со 23:3, за конечно славје во Москва против Жалгирис со 84:74. И овие две екипи имаат идентичен скор, по 8 победи и 13 порази, но литванската е место погоре на 12-та позиција.

euroleague.net

Басконија го совлада Макаби со 97:73, Фојтман имаше 20 поени, 19 постигна Хилард, Вилдоза имаше 16, а двоцифрен беше уште и Шилдс со 13 поени. Кај поразените, Скоти Вилбекин имаше 19 поени.