ПОЧЕТНА НБА Лејкерс се уште се бараат, Орландо „изненадува“, Далас игра одлично

Лејкерс се уште се бараат, Орландо „изненадува“, Далас игра одлично

сподели
фото: The Straits Times

Леброн не успеа да му ја донесе првата победа на својот нов тим (142:143) по продолжението во Стејплс ценарот, откако претходно погоди тројка за изедначување во регуларниот дел од мечот.

Кралот беше прецизен на 2.4 секунди за дополнителни 5 минути, имаше 6 поени предност на 55 секунди до крајот (142:136), но промаши 2 слободни и за три поени во последните „оувертајм“ секунди.

Аплицирајте веднаш за

Џејмс повторно беше најдобар кај Лејкерс – го заврши мечот со 32 поена, 14 асистенции и 8 скока, во првиот 0/3 старт по неговата втора сезона со Кливленд Кавалирс (2004/05).

Никола Вучевиќ имаше 24 поени со 12 скока во победата на Орландо кај Бостон (90:93), откако Кајри Ирвинг (22 поена) и Гордон Хејворд промашија по еден обид за три поени во последните секунди.

Резултати на 23-ти октомври 2018 (ESPN)

ДеАндре Џордан е првиот играч на Далас со три дабл-дабл учиноци во првите три меча од една сезона, по Попај Џонс во 1994-та. Тој имаше 18 поени и 16 скока во триумфот против Чикаго (115:109).

Лука Дончиќ постигна 19 поени во победата, а Зак Лавин имаше 34 за Чикаго. Тој, пак, е првиот играч на Булс кој што ја почнал сезоната со три меча со преку 30 поени, по Мајкл Џордан (1986) и Боб Лав (1971).