ПОЧЕТНА НБА „Летаат“ тренерски глави во НБА

„Летаат“ тренерски глави во НБА

сподели
Лери Дру (Кливленд)

Дејв Јегер беше првиот, а по него откази добија уште двајца тренери во најсилната светска кошаркарска лига.

Без првите луѓе на клупата останаа Мемфис Гризлис и Кливленд Кавалирс што можеше да се очекува по нивните лоши игри и резултати оваа сезона.

Би Џеј Бикерстаф (Мемфис)

Би Џеј Бикерстаф го водеше Мемфис безмалку две години. Последната сезона оствари 33 победи и не успеа да го одведе својот тим во разигрувањето за титулата. Кливленд беше уште послаб, со ефект 19:63 за претпоследно место во Источната конференција. Сметката за тоа ја плати 61-годишниот Лери Дру кој го замени Тајрон Лу по само шест одиграни натпревари кои Кавс ги загубија.

Не е исклучено во следниот период да има и другите тренерски откази во НБА лигата. Се шпекулира дека не е сигурна ниту позицијата на Игор Кокошков на клупата на Феникс.