Македонија и сезонава беше сведок на спектакуларни забивања, од нашите баскетџии, меѓу кои што имаше место само за еден, на највисоката позиција на пиедесталот.
На финалниот турнир, едногласно со сите 10-ки во втората рунда, за број 1 беше избран Здравко Богдановски.

Како и секогаш, остава неговите потези да зборуваат за него, а тој го препознава и го истакнува позитивното кај другите.
„Оваа година, за првпат во Македонија се одржаа 3х3 турнири во кои што беше опфатена целосната смисла на Streer Ball.
Во манифестацијата имаше и простор за Специалната Олимпијада, во кој што лицата со посебни потреби, добија шанса да одиграат натпревар како и сите други натпреварувачи.“
Најдобриот забивач не ги штедеше пофалбите и за организаторот.
„Организацијата беше одлична, имаше ентертејмент и за публиката. Во турнирот имаше натпреварување во шут за три и најатратктивното нешто, а тоа е SlamDunk Contest.
Целата манифестација беше одлична, како за натпреварувачите така и за публиката.“
На Плоштадот Македонија, видовме сосема поинакво издание на Богдановски.
„На првиот турнир, во Skopje City Mall имав мала трема, со оглед на тоа што прв пат и се претставив на нашата публика.
Тогаш ја освоив втората позиција, но затоа, на финалниот турнир, кога веќе нема што да загубиш, се си дојде на свое место.“ – изјави победникот, Здравко Богдановски.
Немој само по носот, Здравко, само не по носот!