ПОЧЕТНА Евролига Легендата оди во пензија, ама не ја остава Барса

Легендата оди во пензија, ама не ја остава Барса

сподели

По 20 години поминати во каталонскиот клуб, Хуан Карлос Наваро официјално објави крај на својата неверојатна кариера.

Само една сезона играше во друг дрес, оној на Мемфис Гризлис, а периодот поминат во Барса му е поделен на два еднакви дела – од 1997 до 2007 и од 2008 до 2018.

Аплицирајте веднаш за

https://twitter.com/FCBbasket/status/1030413894798520320

Во тој период освои вкупно 35 трофеи (сметајќи ги и оние со шпанската репрезентација) што го прави најуспешен играч во историјата на клубот, а за него ќе се зборува на часовите по кошарка, не само во Шпанија, туку и низ светот.

За Барселона одигра 1.139 натпревари и постигна 13.609 поени, а во кошаркарска пензија заминува како рекордер по бројот на одиграни натпревари, постигнати поени и остварен индекс во Евролигата.

Од најсјајните одличја, во неговата колекција има осум титули од АЦБ лигата, седум од Копа дел Реј, две од Евролигата, две од Европските и една од Светските првенства. Има по едно МВП признание од речиси сите големи натпреварувања на кои учествувал.

За жал, ние нема да го помниме по добро бидејќи во полуфиналето од Евробаскетот 2011 година токму против Македонија го одигра натпреварот на кариерата во шпанската репрезентација постигнувајќи 35 поени. Со тоа ни го уништи сонот за пласман во финалето, а потоа ја однесе Шпанија до титулата при што нему му припадна МВП наградата на шампионатот.

Според договорот постигнат во септември 2017 година, Наваро ја завршува играчката кариера, но не заминува од клубот. Во иднина тој ќе работи во раководството на Барселона на функција која дополнително ќе биде одредена.

Голем број клубови, кошаркари и организации го одбележаа крајот на кариерата на Ла Бомба честитајќи му за сите успеси во животот.