ПОЧЕТНА АБА Легендата на Работнички во Јане Сандански

Легендата на Работнички во Јане Сандански

сподели
Јовица Арсиќ (тренер) и Марко Ивановиќ (директор)

Реткост е да се видат личности од минатото, играчи или тренери, кои што се уште се активни, оставиле огромен белег во македонската кошарка, а не потекнуваат од нашава земја.

Марко Ивановиќ допатува во Аеродром, на мечот меѓу МЗТ Скопје и Борац. Во моментов, тој ја има стратешки најодговорната функција во екипата – директор во клубот од Чачак.

Аплицирајте веднаш за

Ивановиќ призна дека не е се розово и во српската кошарка и се воодушеви на условите што ги има МЗТ Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, нешто што е светлосни години различно од она што тој го памети додека правеше партал по македонските паркети.

Тој во два наврата играше за Работнички, во сезоната 1991/92 и во периодот 1993-96. Кариерата ја почна во Борац Чачак, потоа беше во Партизан пред да заигра во Парк.

Во споменатиот меѓупериод играше во грчкиот Аполон Патрас, а по скопската одисеја настапуваше за Будуќност, Беобанка, Хемофарм, Приморка и Левски Софија.

Ивановиќ беше кадетски и сениорски репрезентативец на СФРЈ, беше првак на Европа и светски вицешампион во младинските категории. Во периодот 2003-11 беше директор на Хемофарм, од 2012-та е во Борац.