ПОЧЕТНА Балкански лиги Левски царува во Бугарија

Левски царува во Бугарија

сподели
bball.bg

По триумфот од 66:88, екипата на Левски останува лидер со 8 победи во исто толку натпревари, а тимот на Академик сега ја има споредната улога и има само 2 победи во 7 натпревари, на 5-та позиција во бугарското првенство.

Мијовиќ имаше 22 поена, Захариев постигна 17 поени, а Маравиќ запиша 19 поени. Дејан Карамфилов имаше 9 асистенции, во таборот на победничката екипа. Николов и Иванов реализираа по 17 поени за поразените.

Екипата на Левски (фото: bball.bg).

На последните 10 натпревари, екипата на Левски има само еден пораз и тоа во ФИБА Еврокупот од грчката екипа Арис, додека Академик има само две победи и осум порази (вклучувајќи ги и двата на пријателските средби, од кои едниот пораз е од Блокотехна).

Аплицирајте веднаш за

Големото бугарско дерби останува само на имиња, затоа што екипата предводена од Тити Папазаов сега е доминантна во бугарскиот шампионат, помогната од рускиот магнат за нафта и други горива.

Со помош на најмоќниот кошаркарски спонзор во соседната земја, Левски Лукоил станува синоним за нов владетел во првенството на Бугарија, каде што од 2000-та до 2018-та владееше Академик, со истиот спонзор.

Екипата на Академик (фото: bball.bg).

Академик се уште добива средства од Лукоил, но далеку помали од оние што одат кај конкурентот. Како последица на тоа, многу квалитетни играчи ги сменија боите на екипите.

Во Лукоил Академик, во минатото играа неколку наши истакнати кошаркари (Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски, Дамјан Стојановски, Ристе Стефанов), а на клупата седеше Марин Докузовски.