ПОЧЕТНА Балкански лиги Левски тргнува по Гинјард и Робинсон

Левски тргнува по Гинјард и Робинсон

сподели

Бугарскиот шампион во новата сезона може да игра со дури тројца довчерашни кошаркари на Работнички.

Покрај Чавдар Костов, за кого одамна постои интерес, Левски сака во своите редови да ги донесе и американските интернационалци Маркус Гинјард и Расел Робинсон.

Аплицирајте веднаш за

Тоа е речиси половина тим на Работнички ако се знае дека Костов беше прогласен за МВП на основниот дел на сезоната (во изборот на basketball.mk), а Робинсон на плеј-офот (од МКФ). Гинјард, исто така, имаше огромен придонес за освоената шампионска титула во домашното првенство, прва по пауза од девет години.

Американците се слободни во својот избор за идната сезона, додека Костов има договор на уште една година и неговата иднина зависи од најтрофејниот македонски клуб.