ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Левски бара начин да го донесе Чавдар Костов

Левски бара начин да го донесе Чавдар Костов

сподели

Претстојните години Левски би требало да биде доминантен клуб во бугарската кошарка. Најава за тоа беше финализирањето на договорот за спонзорство со нафтената компанија Лукоил која досега го „држеше“ Академик.

Од 2003 година, Академик со Лукоил како спонзор освои 14 од можните 15 титули во бугарското првенство што е најдобар доказ за сериозноста на оваа компанија.

Веќе се почнати плановите за идната сезона во која Левски ќе влезе значително засилен. Еден од кошаркарите кои се интересни за тренерот Тити Папазов е членот на Работнички, Чавдар Костов.

„За најдобрите бугарски кошаркари најдобро е да играат за омилениот бугарски клуб. Кај нас постои сериозен интерес за Чавдар Костов и Павел Маринов кои ќе се обидеме да ги донесеме претстојното лето кога ќе бидат слободни играчи”, изјави Папазов во интервју за една бугарска телевизија.

Новогодишните празници Костов ги помина во Софија каде неколку дена тренираше со тимот на Левски. Таков беше договорот меѓу Марин Докузовски и Тити Папазов со цел бугарскиот репрезентативец да ја задржи одличната форма од првиот дел од сезоната.