ПОЧЕТНА Некатегоризирана ЛЕБРОН ЏЕЈМС: Нееднаквии аршини за играчите и за франшизите!

ЛЕБРОН ЏЕЈМС: Нееднаквии аршини за играчите и за франшизите!

сподели

Предводникот на Кливленд Кавалирс верува дека постојат различни толкувања на потезите на играчите и на организациите (клубовите) во најквалитетната кошаркарска лига, а со тоа и двојни стандарди при почитувањето на одлуките што ги носат „фронтмените“, односно „канцелариите“.

„Кога еден играч кој што е симбол на една организација ќе напушти една екипа и ќе премине во друга, тој веднаш е брендиран како издајник, змија и нелојален човек.

Но, кога франшизата ќе реши да трејдува некого, тогаш тоа е за доброто на организацијата. Тоа е бизнисот, таков е каков што е и мора да се прифати.“ – вели Џејмс, непосредно по трејдот на Блејк Грифин од Клиперс во Детроит.

Леброн на своја кожа ги почувствува критиките и отровните стрели на јавноста, кога реши 2010-та да замине од Кливленд и да потпише со Мајами, каде што во 4 редоследни финалиња освои 2 титули. Истото му се случи и кога се врати во родниот град, 2014-та година.

На крајот на оваа сезона, Леброн Џејмс повторно е слободен агент и повторно се најавува дека ќе ја смени средината, а најверојатно неговиот нов дом ќе биде ЛА, каде што тој поседува луксузни недвижнини.