ПОЧЕТНА НБА Леброн шутира тројки од средина, к(ак)о од шала!

Леброн шутира тројки од средина, к(ак)о од шала!

сподели

Најдобриот кошаркар на денешницата не престанува да ја воодушевува кошаркарската и воопшто спортската јавност, со презентацијата на неговите можности.

Во поглед на физичката сила и издржливост, начинот на кој што се претставува на терените и бројките што ги реди зад неговото име, Леброн веќе е најдоминантниот кошаркар во историјата на оваа игра, земено индивидуално.

Во прилог на ова тврдење, треба да се земат сите фактори и развојот на кошарката во одредени периоди, карактеристични сами за себе.

Аплицирајте веднаш за

Приложеното видео е од загревањето пред мечот со Денвер, на кој што Лејкерс се радуваа со 121:114 и ја остварија втората победа, по трите врзани порази на почетокот на сезоната.

Леснотијата со која што Леброн Џејмс погодува три шута по ред, од централното лого на паркетот во Стејплс Центарот, не наведува да размислуваме во правецот – па добро, што се може овој човек со топката?