ПОЧЕТНА Женска кошарка Лазовски го објави поширокиот список, на него и Муса

Лазовски го објави поширокиот список, на него и Муса

сподели

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија го објави поширокиот список на кошаркарки на кои смета за продолжението од квалификациите за Европското првенство во 2019 година.

Во февруари нашата селекција ја очекуваат дуели со Хрватска на домашен и Италија на гостински терен. Марјан Лазовски испрати покана до 23 кошаркарки, колкумина од нив ќе се појават на прозивката во „Јане Сандански“ ќе се знаат на 5 февруари.

Извесно е дека Јелена Антиќ нема да биде во комбинација иако ја има на списокот бидејќи е повредена и за неа сезоната е завршена. Изненадување е името на Едина Муса која имаше повеќемесечна пауза од кошарката на која и се врати на почетокот од новата година.

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ
Анџелика Митрашиновиќ (Будуќност)
Ана Тантуровска (Олимпијакос Волос)
Александра Стојановска (Бадел 1862)
Софија Лазареска (Бадел 1862)
Нена Трајчевска (Бор)
Ивана Кметовска (БАМП Попрад)
Јована Петрушевска (Вардар)
Цветанка Димова (Бадел 1862)
Анамарија Шеќероска (Струга 2009)
Едина Муса (Вардар)
Славица Наков (Вардар)
Кристина Јаневска (Вардар)
Јелена Антиќ (Висла Кенпак)
Ивона Кожобашиовска (Мерцедес Алжеро)
Матеа Николиќ (Стела Азура)
Сандра Лазареска (Бадел 1862)
Тијана Митрева (Мерцедес Алжеро)
Ивона Пејковска (Вардар)
Снежана Серафимоска (Небраска Колеџ)
Драгана Петковска (Њубери Колеџ)
Ива Крстевска (Њуман Колеџ)
Криси Гивенс (Авенида)
Ешли Парис