ПОЧЕТНА Куп на РМ Купот отворен за сите!

Купот отворен за сите!

сподели

Навивачките групи на сите учесници можат без ограничувања да присуствуваат на завршницата од Купот на Македонија што од 15 до 17 февруари ќе се одржи во Гевгелија.

Блок билет за четвртфиналните дуели чини 200 денари, а за полуфиналните и финалето по 100 денари. Едно лице може да купи максимум три билети.

Со ова се отвора можност да видиме навивачки дуел на фановите на учесниците. Проблем е тоа што салата „26 април“ во Гевгелија има само една трибина и неизвесно е како ќе се сместат тие.

Во полуфиналето е можен судир на најтрофејните клубови во македонската кошарка МЗТ Скопје и Рабнотнички, како и на Гостивар и Блокотехна.