ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кумановска рутина во Охрид

Кумановска рутина во Охрид

сподели
ohridnews.com

Минатосезонскиот полуфиналист се прошета до најпосакуваната дестинација во нашата земја и се врати со полн плен, во третото коло од првенството.

Кумановци сега се на втората позиција со три победи по три натпревари, пред Блокотехна, а зад Работнички, единствените три екипи што немаат пораз.

mkf.mk

Охриѓани постигнаа само 8 поени во првиот период, се соземаа во вториот, во третиот играа добро, но во последниот повторно дојде до израз квалитетот.

mkf.mk
Аплицирајте веднаш за

Филип Думиќ со 21 поен беше прв стрелец на гостите, по 11 поени постигнаа Стојановски и Ѓекиќ. Репрезентативецот Адем Мекиќ, имаше 9 поени со 9 скока.

mkf.mk

Кај АВ Охрид, Стефан Младеновиќ постигна 14 поени, Миладиновиќ имаше еден помалку, Крег постигна 10.

Ова беше трет пораз во три кола за охридската екипа која што има најлоша кош разлика (-88) во лигата.