ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Куманово победи, но во Вардар е потенцијалот

Куманово победи, но во Вардар е потенцијалот

сподели

Повратникот во Првата кошаркарска лига на Македонија го намачи тимот кој минатата сезона играше во полуфиналето од плеј-офот.

Пораз од 8 поени разлика (77:85) во меч во кој гостите речиси цело второ полувреме имаа убедлива предност. Вардар покажа карактер и до крајот не сакаше да се предаде.

Аплицирајте веднаш за

На кумановци им требаше многу време за резултатски да се одлепат на стартот од мечот. Дури по првата минута во втората четвртина направија +7 (14:21) благодарение на два реализирани напада. Нешто подоцна гостите имаа и двоцифрена предност, но ни тогаш Вардар не планираше да се откаже.

Со една серија од 6:0 е доближи на -4 (31:35), а во 24. минута имаше и само два поена негатива (39:41). И така беше се до низата од девет поени на Куманово во последните две минути од третиот период по која отиде на 13 поени предност (51:64).

Но, кога Куманово дојде толку блиску до победата, не го направи последниот чекор, не го дотолчи противникот, туку му дозволи да се врати во игра. На помалку од минута пред крајот, негативата на Вардар изнесуваше само шест поени (75:81). Да имаше малку повеќе за играње, којзнае каков ќе беше исходот.

Ковач со 20 поени беше најефикасен во Куманово, но играчи на одлука беа Думиќ со 17 поени и 9 асистенции и особено Игор Пенов со 17 поени и 11 скока.

Провел со 32 поена го предводеше Вардар кој сигурно ќе има што да каже во натамошниот дел од сезоната.