ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Куманово го знае рецептот за Гостивар

Куманово го знае рецептот за Гостивар

сподели
фото: kumanovskimuabeti.mk

Петти пат во шестиот меѓусебен натпревар, вклучувајќи ја минатата сезона и сметајќи ги дуелите и во првенството и купот, Куманово излегува како победник против Гостивар.

Единствениот триумф гостиварци го остварија во последното коло од Суперлигата во меч кој немаше резултатско значење бидејќи однапред беше познато дека Куманово ќе игра во плеј-офот.

Аплицирајте веднаш за

Тимот на Александар Петровиќ славеше убедлива победа со 75:63 за „2 од 2“ на стартод од новата сезона, по оној триумф на гости кај Вардар.

По израмнетиот почеток, првиот удар Куманово го зададе кон средината на втората четвртина кога поведе со 31:24. На полувреме беше 35:28, но на почетокот од вториот дел Гостивар малку се стабилизира и ја држеше негативата меѓу 3 и 5 поени.

Но, и тоа траеше до 29. минута кога домашната екипа првпат направи двоцифрена предност (52:42). Тогаш се разигра Адем Мекиќ кој погоди речиси се што шутна, но кумановци имаа голема помош од противникот кој играше конфузно и во нападот и во одбраната.

Во 35. минута, по положувањето на Ѓекиќ, резултатот беше 65:45 и тука веќе стана јасно дека Гостивар нема сили да направи пресврт. Дополнителен проблем за гостинскиот тим беше повредата на Александар Костоски кој не го доигра натпреварот.

Освен што ја загубија битката во скокот (47:33 за Куманово), Гостивар имаше очаен шут за три поени. Кошаркарите на Марјан Србиноски реализираа само една тројка од 25 обиди.

Мекиќ со 26 поени и 8 скока беше убедливо најдобар играч на теренот. Најблиску до него беше противничкиот играч Џо Фурстингер кој заврши со 19 поени и 5 скока.