ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Куманово пресилен за младинците на Карпош Соколи

Куманово пресилен за младинците на Карпош Соколи

сподели
фото: архива

Седма победа во последните осум кола за Куманово за задржување на четвртата позиција на табелата. Не се ни очекуваше поинаков епилог во дуелот со аутсајдерот Карпош Соколи во натпреварот кој се играше во Куманово иако, формално, домаќин беше скопскиот тим.

На крајот 94:67 за кумановци кои не се изморија многу и ги сочуваа силите за следните дуели. За само пет минути кошаркарите на Александар Петровиќ направија 15:7, Карпош Соколи подоцна стигна на -2, но во 15. минута беше 39:25 за Куманово. Уште тогаш стана јасно каков ќе биде исходот.

Да не беа 17. загубени топки веројатно Куманово со уште повисока разлика ќе го испратеше Карпош Соколи иако тоа е најмалку битно во случајов. Мекиќ и Стојановски со по 16 поени беа најефикасни на теренот.

Кај Карпош Соколи, Петровски и Богдановски постигнаа по 13 поени.